Економија на здравиот разум

Елемент 1.2: Секој избор вклучува трошоци

Нема решенија, само компромиси.

Томас Совел
Cartoon of a man and his dog on a leash. The man says to the dog: “I hope you appreciate that each ‘walk’ costs $175 of my billable time.” The dog thinks to himself: “I hope you appreciate that I am your only friend.”
Се надевам дека го цените фактот дека секоја 'прошетка' чини 175 долари од моето наплатено време.
Се надевам дека го цениш фактот дека јас сум твојот единствен пријател.

Реалноста во однос на животот на нашава планета е дека ресурсите за производство се ограничени, додека човечката желба за стоки и за услуги речиси е неограничена. Дали би сакале да имате нова облека, луксузен брод или нов паметен телефон? A повеќе време за одмор, рекреација и за патување? Дали сонувате да возите сосема нов електричен спортски автомобил и да го паркирате пред вашиот дом? Повеќето од нас би сакале да ги имаат сите овие работи и многу повеќе од тоа! Сепак, ние сме зависни од ограниченоста на ресурсите, како и од ограниченото време што го имаме на располагање.

Кон крајот на деветнаесеттиот век, многу таверни нудеа „бесплатен ручек“ на секој што ќе купеше пијалак. Се разбира, бидејќи требаше да купите пијалак, ручекот всушност не беше бесплатен. Освен тоа (приказната вели), ручекот се состоеше од солена храна како шунка, сирење и кикиритки, што ги тераше клиентите да купуваат повеќе пијалаци. Така, тие целосно ги плаќаа своите „бесплатни ручеци“.

Како резултат на тоа се појави една фраза која многу е популарна меѓу економистите: „Не постои такво нешто како бесплатен ручек“. Фразата беше популаризирана во економијата од познатиот економист Милтон Фридман, кој ја искористи како наслов на книга во 1975 година. Еден пример за овој начин на размислување наречен „бесплатен ручек“ може да биде системот на субвенционирано домување. За време на советската ера, домувањето честопати беше обезбедувано „бесплатно“ од државата. Ова, сепак, не беше без никакви трошоци. Навидум „бесплатното“ домување граѓаните го плаќаа индиректно преку други средства, како што се долгото работно време, ниските плати и немањето избор или слобода да живеат онаму каде што сакаат. Не можеме да имаме од сѐ онолку колку што би сакале. Затоа избираме помеѓу алтернативните понудени опции. (Во примерот на советското домување, потрошувачот не е тој што го направил изборот – тоа го направила државата за него!) Изборот да се направи една работа подразбира жртвување на можноста да се направи нешто друго. Поради тоа велиме дека сите трошоци се опортунитетни трошоци и секој избор вклучува откажување од реализација на другите можности.

Многу трошоци се мерат во пари, па тука компромисот е лесно да се види. Парите што ќе ги потрошите за одредена намена повеќе не се достапни за трошење за друга намена или за да ги заштедите. Опортунитетните трошоци поврзани со вашата набавка се одраз на вредноста што ја давате на опциите од коишто сте се откажале поради опцијата што веќе сте ја избрале како најпогодна за вас. Дури и кога не морате да потрошите пари за да задоволите некоја ваша потреба или желба, сепак тоа не значи дека преземеното дејство е бесплатно и без никакви трошоци. Кога одите на прошетка и уживате во прекрасното зајдисонце вие не трошите пари, но прошетката има опортунитетен трошок. Времето што го поминувате за прошетка можете да го искористите за да направите нешто друго што го цените, како на пример да посетите некој пријател, да вежбате или да читате.

Сигурно сте слушнале како луѓето велат дека некои работи толку се важни што не е важно колку чинат. Таквата изјава на почетокот може да звучи разумно и може да биде ефективен начин да се охрабрат луѓето да трошат повеќе пари на работи коишто ние лично ги цениме (и за кои би сакале другите да помогнат во плаќањето). Но, колку е неразумно да се игнорира трошокот станува очигледно откако ќе се разгледаат трошоците за алтернативните понудени опции од коишто сте се откажале. Да се каже дека нешто треба да се направи без да се земат предвид трошоците, всушност значи дека треба да го направиме тоа без да ја земеме предвид вредноста на алтернативните понудени опции. Кога избираме меѓу алтернативни понудени опции кои заемно се исклучуваат, највредна алтернативна опција е онаа што чини најмалку во однос на придобивките што ги нуди.

Изборот и на потрошувачите и на производителите ги вклучува трошоците. Како потрошувачи, трошокот на едно добро, што се гледа во неговата цена, ни помага да ја споредиме нашата желба за одреден производ со нашата желба за алтернативните понудени производи. Ако не ги земеме предвид трошоците, веројатно ќе го искористиме нашиот приход за да купиме „погрешни“ добра. Сигурно ви е познато чувството на каење како купувач, кога ќе купите нешто без сериозно да размислите за повредните алтернативни понудени опции.

Производителите секако се соочуваат со трошоци, а тоа се трошоците за ресурсите што се користат за да се произведе одреден производ или да се обезбеди одредена услуга. На пример, користењето ресурси како што се работна сила, граѓа, челик и гипс-картон за изградба на нови куќи ги намалува ограничените расположиви ресурси за производството на други добра, како што се болниците и училиштата. Високите трошоци сигнализираат дека ресурсите имаат друга употребна вредност која високо е ценета од купувачите и продавачите на други пазари. Компаниите кои сакаат да остварат профит ќе ги следат тие сигнали и ќе дејствуваат соодветно, на пример ќе бараат поевтини заменски материјали.

Владините политики може да ги искриват и да ги неутрализираат овие сигнали. Владата може да воведе даноци или субвенции коишто им помагаат на одредени интересни групи да не се грижат за конкурентните цени што се применуваат на слободните и на отворените пазари. Но, таквите политики ја намалуваат способноста на пазарните стимулации да ги насочат ресурсите онаму каде што ќе бидат највисоко ценети од потрошувачите.

Еден класичен пример за тоа се случи во Грузија помеѓу 1991 и 1994 година. Владата ги замрзна цените на лебот под пазарното ниво, а како резултат на тоа потрошувачите чекаа во редици за леб што можеби беа подолги од еден километар. Дента кога беа отстранети контролите на цените, продавниците одеднаш добро беа снабдени и немаше редици! Сличен феномен во Грузија се случи и во зимата 2006 година кога експлодираше гасовод што испорачува гас од Русија, што резултираше со огромно зголемување на побарувачката на керозин за греење. За да се спречи драстично зголемување на цените, беше воведена контрола на цената на керозинот, што повторно резултираше со долги редици сè додека цената не се ослободи од наметнатото ценовно ограничување и не се дозволи нејзино зголемување до ниво на изедначување на понудата и на побарувачката на пазарот.

Политичарите, владините службеници и лобистите честопати зборуваат за „бесплатно образование“, „бесплатна здравствена заштита“ или за „бесплатно домување“. Употребата на овие популистички термини е вистинска измама, бидејќи споменатите услуги воопшто не се бесплатни. За нивно обезбедување потребно е да се искористат ограничените ресурси коишто би можеле да се искористат за обезбедување други добра и услуги. На пример, зградите, работната сила и другите ресурси што се користат за обезбедување на школување би можеле да се искористат за производство на повеќе храна или за рекреација, за заштита на животната средина или за обезбедување здравствена заштита. Трошокот за школувањето е вредноста на сите оние добра од коишто мора да се откажеме и да ги жртвуваме за сметка на школувањето. Владите можеби ќе можат да ги пренаменат трошоците, но не можат да ги елиминираат.

Опортунитетните трошоци се важен концепт. Сè во животот е поврзано со овие трошоци. Сите ние живееме во свет со ограничени ресурси и затоа мораме да правиме избор. Светот во којшто живееме можеме подобро да го разбереме доколку го погледнеме низ призмата на опортунитетните трошоци. Ајде да го разгледаме влијанието на опортунитетните трошоци врз учеството во работната сила, стапката на наталитет и врз порастот на населението, теми коишто многумина би ги разгледувале надвор од областа на примената на опортунитетни трошоци.

Дали некогаш сте размислувале зошто е поголема веројатноста жените со повисоко образование да работат надвор од домот отколку жените со понизок степен на образование? Одговорот е во опортунитетните трошоци. Жените со повисоко образование ќе имаат подобри можности за заработка како дел од работната сила, па затоа ќе биде поскапо за нив да останат дома. Податоците го поткрепуваат ова гледиште.

Во 2022 година, во Грузија, околу 53 % од жените во работната сила со високо образование биле вработени. Од друга страна, стапката на вработеност на жените со стручно образование изнесувала 39 % и околу 25 % за оние само со завршено средно образование. На долниот крај од спектарот, само околу 10 % од жените со завршено основно образование биле вработени. Овие бројки се усогласени со економските предвидувања дека колку што е поголема потенцијалната загуба на приходи – или колку е поголем опортунитетиот трошок – од неработењето, толку е поголема веројатноста жените активно да бараат работа. Токму како што предвидува економската теорија, кога е поскапо за жената да не работи надвор од домот, помалку од нив ќе ја изберат оваа опција.(6)

Слика 1: Сооднос вработување-население по пол (население на возраст
над 15 години) во Грузија, во проценти
The provided data offers a detailed look into the employment-to-population ratio by gender for individuals over 15 years old in Georgia, represented in percentages and analyzed through two different graphs for the period from 2010 to 2022. Graph 1 (Line Chart, 2010-2022 Employment to Population Ratio by Gender): a) Women's Employment Rates: Showed minor fluctuations, starting at slightly over 32% in 2010. They peaked at 37% during 2015-2017 before settling at 35% in 2022. b) Men's Employment Rates: Displayed a more significant upward trend, averaging just over 44% but notably increasing to 52% by 2022. Graph 2 (Bar Chart, 2022 Employment Rates by Gender and Education Level), Higher levels of education correlated with increased employment rates for both genders. Regardless of the level of education, men consistently exhibited higher employment rates than women: a) For Men: Those with higher education had a 64% employment rate, in stark contrast to the 23% employment rate for men with only primary or lower secondary education. b) For Women: The employment rate was 53% for those with higher education and 10% for those with only primary or lower secondary education. The information source is National Statistics Office of Georgia.

Извор: Државен завод за статистика на Грузија. www.geostat.ge

Што мислите, што се случува со стапката на наталитетот кога има пораст на економијата и на заработувачката? Времето поминато во извршување на обврските во домаќинството го намалува времето што е достапно за работа на пазарот. Како што расте заработката, така се зголемуваат опортунитетните трошоци за раѓање деца и за одгледување големо семејство. Според тоа, предвидениот резултат е намалување на наталитетот и забавен раст на населението. Во текот на изминативе два века, зголемувањето на доходот по глава на жител на една земја, набрзо беше проследено во намалување на наталитетот и во забавување на порастот на населението. За да биде поинтересно, оваа шема беше забележена во секоја анализирана земја. И покрај тоа што постојат широко распространети културни, верски, етнички и политички разлики меѓу земјите, повисоките опортунитетни трошоци за раѓање деца го имаа истото влијание врз стапката на наталитет во сите случаи. Во текот на изминативе шест децении, глобалната стапка на фертилитет се преполови, намалувајќи се од просечни 4,6 раѓања по жена во 1961 година на 2,3 раѓања во 2021 година. Овој пад на раѓањата по жена варира во зависност од земјата. Во Ерменија, стапката на фертилитет падна од 4,7 на 1,6, додека во Азербејџан забележа намалување од 5,9 на 1,5. Грузија доживеа пад од 2,9 на 2,1, а стапката на фертилитет во Украина падна од 2,2 на 1,2 во истиот период, според податоците на Светска банка.

Опортунитетните трошоци се витален економски принцип, којшто ќе го применуваме во повеќе наврати во оваа книга. Доколку го интегрирате овој принцип во вашиот мисловен процес, во голема мера ќе ја подобрите вашата способност да го разберете однесувањето на потрошувачите, производителите, сопствениците на компании, политичките фигури и на другите носители на одлуки во реалниот свет. Но, уште поважно, концептот ќе ви помогне да правите подобар личен избор.