Економија на здравиот разум

Дел 4 Завршни размислувања

Паметното управување со финансиите може да изгледа сложено, но горенаведените начела треба да ве поттикнат да размислувате во вистинската насока. Навистина не е толку сложено. Штедете и трошете мудро. Размислете пред да дејствувате. Дејствувајте – лесно е да се игнорира размислувањето за вашите финансии кога се чини дека секогаш има погорливи прашања поврзани со работата, семејството и со забавата. Редовно одвојувајте време за да ја преиспитате вашата ситуација со вашиот партнер, доколку го имате, како и со вашето семејство и другите кои се грижат за вас (и го разбираат финансискиот свет). Постојат книги кои навлегуваат во идеите за кои дискутиравме, но повеќе детали ќе најдете на нашата листа на предложени четива. Пред сè, запомнете го советот на г. Микaбер, од романот на Чарлс Дикенс, Дејвид Коперфилд: „Годишен доход дваесет фунти, годишни трошоци деветнаесет фунти и шест пени, е еднакво на среќа. Годишен доход дваесет фунти, годишни трошоци дваесет фунти и шест пени, е еднакво на несреќа.“