Економија на здравиот разум

Академски советодавен комитет

Борис Кота е професор на Економскиот факултет на Универзитетот во Загреб и раководител на постдипломската студиска програма Меѓународна економија и финансии. Работел како член на Управниот одбор на Економскиот институт, Загреб (1997–2000) и бил претседател на Надзорниот одбор на Сојузот на науката и на високото образование за Република Хрватска (2003–2006). Бил член на Советот на хрватската Народна банка (2006–2013), специјален советник за економија на претседателот на Република Хрватска (2010–2012) и претседател на Советот за економија на претседателот на Република Хрватска (2010–2015).

Олех Хаврилишин е доктор на науки по економија од МИТ (M.I.T,) надворешен виш соработник на Институтот за истражување ЦАСЕ (CASE) во Варшава и во моментов е професор за истражување на Институтот за европски, руски и евроазиски студии на Универзитетот Карлтон, со скратено работно време. Олех беше ангажиран како советник на Владата на Украина, подготвувајќи го „Прегледот на реформите од независноста“ (2014 до октомври 2016 година). Тој моментално пишува нова книга за транзицијата која поставува ново прашање: Зошто некои земји избраа стратегија за рани и за брзи реформи, додека други одлучија да продолжат постепено? Книгата ќе овозможи преглед на креирањето политики во посткомунистичките земји. Помеѓу 1991 и 2007 година, Олех беше заменик-директор на Одделот за Европа во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), одговорен за земјите од ПСС. Тој беше извршен заменик-директор на Одборот на директори на ММФ, а одреден период и беше ангажиран како заменик-министер за финансии на Украина.

Џозеф Пелзман е доктор на науки од Бостонскиот колеџ, а на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ е професор по економија и меѓународни односи, професионален предавач по право и директор на докторската програма по економија. Пред да се приклучи на факултетот во 1980 година, тој беше соработник за економска политика на Брукингс институшн (Brookings Institution) и член на факултет на Универзитетот во Јужна Каролина. Тој беше основач на Меѓународниот академски одбор на Меѓународната школа за економија на Државниот универзитет во Тбилиси (ISET) во Грузија (2006–2008), и член на Меѓународниот советодавен одбор на Киевската школа за економија, Украина (2002–17). Тој е и член на Одборот на директори на Коалицијата за трговија, помош и безбедност (TASC) и Фондацијата Глобал воркс (Global Works), Вашингтон. Во моментов е главен уредник на списанието Глобал економи (Global Economy) и поранешен претседател на Меѓународната асоцијација за трговија и за финансии.