Економија на здравиот разум

Посебна благодарност

Авторите би сакале да ја изразат својата благодарност до неколкумина клучни луѓе кои придонесоа за успешна реализација на овој проект. Со огромно задоволство ѝ посакавме добредојде на Џејн Шо Строуп во тимот на автори. Таа беше од голема помош во претходните изданија на книгата и одигра позначајна улога во ова издание. Во текстот се вградени бројни коментари од колеги предавачи, наставници на факултет и економски едукатори. Џон Кеслер, Кели Марксон и Мишел Вакрис со своите забелешки и корисни коментари значајно придонесоа за подобрување на ова последно издание на книгата.. Посебна благодарност им се упатува на Џон Мортон, Скот Нидерџон, Марк Шуг, Вилијам Вуд, Џо Конорс и Пем Купер за нивниот придонес во развојот на нови дополнителни материјали. Исто така, би сакале да ја изразиме нашата благодарност до Кевин Рајли, Мерил Левави, Габриел Гума, Оља Кириљук, Дајан Дилувио, Лиз Блејз, Кифин Стерер и уредничката Кејт Дејвис, и лекторите Маринда Валенти и Сју Мекграт од Сент Мартин прес за нивните целисходни коментари и за справувањето со уредувачките одговорности.

За ревизијата на материјалот посветен на посткомунистичките земји, особено сакаме да ѝ се заблагодариме на Барбара Форбс којашто придонесе за проектот на толку многу начини, особено држејќи нè мотивирани во моментите кога се чинеше дека процесот нѐ совладува. Дополнителни содржини обезбедија Лаша Лабадзе, Маја Григолија, Марта Кота и Анте Штерц. Лесли Меккол понуди голема помош со Делот 4. Конечно, ние и нашите читатели му должиме посебна благодарност на анонимниот донатор којшто го поддржа проектот како финансиски така и интелектуално уште од самите негови почетоци и овозможи книгата и помошните материјали на EFI да се обезбедат бесплатно. На буквално милиони луѓе ќе им се подобри животот со неговата посветеност на економската и на политичката слобода.

Низ годините, авторите имале приближно 75.000 ученици во своите класови. Бројните дискусии со учениците, како во училниците така и надвор од нив ни дадоа значајни сознанија, ни поставија предизвикувачки прашања и ја поставија основата за овој проект. Ние ги негуваме овие интеракции и со оваа книга им изразуваме благодарност на овие студенти, коишто го збогатија нашиот живот и продолжуваат да го прават тоа.